Дури 14 од унапредените вработени во здравството од страна на министерот Беким Сали се Албанци, а само три лица се Македонци и тоа снаа, золва и друго блиско лице на еден поранешен министер за здравство.

На списокот нема Турчин, Ром, Бошњак, Србин, Влав или од некое лице од друга заедница.

Меѓу тие што добиле повисока позиција и плата има и тројца Македонци. Како што објави Експрес, една е золва на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, другата е снаа за брат на Гордана Трајкова Мајнова кадар на СДСМ од времето на министерот Владо Димов, како и лице кое е кадар на Никола Тодоров, сега близок на СДСМ.

Целиот список на унапредени во македонскто здравство, со образложенија, може да го отворите ТУКА.