Албанецот е тој што донесува одлуки и тој е факторот во оваа земја, изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ и коалиционен партнер на СДСМ и Димитар Ковачевски.
Ова, како што пренесе ТВ Клан Македонија, Ахмети го кажал на партискиот собир во тетовско Желино.
– Цитирајќи стихови од исламската света книга Куранот, лидерот на ДУИ Али Ахмети на партискиот собир во тетовското село Желино кажа дека во разговорите на македонските политичари им рекол дека Македонците му биле вазали на Белград до 1990 година, објави ТВ Клан Македонија.
Ахмети на партиската собиранка удрил по опозицијата:
– Јас знам каде е болката на Мицковски: ние тргнавме кон ЕУ и не може никој да не запре!- рекол Ахмети, пренесува телевизијата.
Командантот, како што Ахмети го викаат неговите во неговата партија, додал дека „Албанецот командува во оваа држава“:
– Албанецот е оној што донесува одлуки и тој е факторот во оваа земја: Бујар Османи нè претставува во ОБСЕ, министерот за финансии нè прави горди во Свеската банка, исто така и министрите Насер Нуредини, Крешник Бектеши или Артан Груби… Колку повеќе вредности инсталираме, толку повеќе непријатели си создаваме. На Мицкоски ова не му се допаѓа и јас знам зошто, јас не отидов во Хаг, бидејќи мојата војна беше праведна, затоа Мицковски нека не ми одговара на мене со калашников! Тој ја видел војната само на телевизор, а јас имам потпишано меѓународен договор со НАТО, Америка и со Европа, изјавил Ахмети, пренесе ТВ Клан Македонија.
Текстот и видеото на ТВ Клан Македонија може да го отворите ТУКА.