Педесетина граѓани вечерва самоорганизирано од плоштадот Македонија дојдоа до скопското Кале во намера да го посетат гробот на Гоце Делчев. Но, полицијата не им дозволи пристап до црквата Св.Спас.
На надвозникот има кордон полиција која ги запира граѓаните кои не можат да одат кон улицата која води кон црквата и тврдината.
Во изјави за новинарите кажаа дека се револтирани што не им било дозволено вечерва да му оддадат почит на Делчев.