Украина воведе санкции за руската нуклеарна индустрија во следните 50 години, се вели во декретот потпишан  од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Тие мерки се насочени кон 200 руски компании и организации, а една од нив е руската државна агенција Росатом, за која „Киев Индепендент“ пишува дека незаконски управува со окупираната нуклеарна централа Запорожје.

Киевскиот весник додава дека Русија ја искористила фабриката „за нуклеарна уцена“.