Ново истражување на Универзитетот Харвард посочува дека преработено месо, како што се шунката, колбасите и сланината, за девет отсто ја зголемува веројатноста да се развие рак на гради кај жената. Научниците спровеле анализа на податоци кај 1,2 милиона жени.

– Проучувањето покажа значителна поврзаност меѓу јадењето обработено месо и ризикот од рак на градите. Намалувањето на консумацијата на обработено месо, пак, се чини полезно за превенцијата од ракот на гради, изјави раководителката на истражувањето, д-р Маријам Фарвид од Харвард.

Сепак, сето тоа треба да се земе со резерва, оти тоа остава „многу неодговорени прашања” и не докажува дека поголемата консумација на преработено месо води директно до рак на градите, смета проф. Кевин Мекконвеј од британскиот Отворен Универзитет.