Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на ракети и ракети со долг дострел на Полска во зделката вредна 10 милијарди долари, соопшти Пентагон.

Британските медиуми пренесуваат дека против-воздушниот артилериски ракетен систем ХИМАРС (HIMARS), според украинските власти, се покажал како многу ефикасен во уништувањето на руските складишта за оружје и командните центри.

Во договорениот пакет се вклучени 18 лансири ХИМАРС, ракети на воено тактичкиот ракетен систем АТАЦМС (ATACMS) со дострел од 297 километри и повеќе од 1.000 наведувани системи за повеќекратно лансирање ракети ГМЛРС (GMLRS).

САД ги отфрлија барањата на Украина за ракети АТАЦМС, така што Полска нема да може да пренесе ниту еден АТАЦМС во Украина без одобрение од Вашингтон.

Полска, како и соседна Чешка, од почетокот на руската инвазија врз Украина се обидува да се ослободи од руското и советското оружје и опрема и да ги замени со средства произведени од Запад, додаваат британските медиуми.