Реал Мадрид постави рекорд на Светското клупско првенство во Мароко со пласманот во финалето по петти пат. Избраниците на Карло Анчелоти синоќа го совладаа „Ал-Ахли“ со 4:1.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти ги сумираше впечатоците по убедливата победа.
-Го очекуваме со нетрпение финалниот натпревар. Се надевам дека се ќе биде добро. Сакаме да бидеме успешни. Треба добро да се одмориме, времето е кратко, изјави Анчелоти.
Мадриѓаните стигнаа до финалниот натпревар во 2014, 2016, 2017 и 2018 година. Секој пат кога стануваа шампиони.
На 11 февруари Реал Мадрид ќе се соочи со Ал-Хилал во обид да дојде до петтиот трофеј.