Додека власта тврди дека преговорите со Европската Унија се започнати, довербата опаѓа. Анкетата на Евротинк потврди – за една година имаме пад од 20 отсто на довербата на граѓаните за евроинтеграцискиот пат на Македонија. СДС и ДУИ ветува европеизација, а добивме блокади, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето дали членството на Македонија во Европската Унија е добра работа само 49% од граѓаните одговориле позитивно. За голем дел од граѓаните ова станува далечна желба. А, за жал ентузијазмот во однос на проширувањето на Европската Унија се повеќе и повеќе опаѓа.
Се тоа е резултат на криминалот, корупцијата и економскиот колапс кои и се случува на Македонија со СДС и ДУИ на власт. Младите си заминуваат, здравството пропаѓа, образованието руши негативни рекорди, но царува непотизмот, клиентелизмот и автократијата.
Лицемерието на владата се гледа и во издавањето на македонски државјанства на руски олигарси. Додека се претставуваат како проевропски во исто време прват провизии и профити со фирми на руски олигарси.
СДС и ДУИ се причина за сите порази кои ги ниже Македонија. Колку подолго се тие на власт, толку повеќе Македонија губи. Време е за нови избори и нова влада избрана од народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.