Првиот вицепремиер Артан Груби синоќа пред граѓани на Општина Чаир во Скопје изјави дека оставка доставил до лидерот на ДУИ Али Ахмети уште од првиот ден откако станал вицепремиер и министер за политички систем, пренесува Пресс24.
– И јас и Бујар Османи, ако Али Ахмети ни каже да си одиме дома, нема гајле. Јас му ја испратив оставката уште од првиот ден кога станав функционер, неговиот збор е последен збор за мене, изјави Груби на чаирчани.
Али Ахмети даде се од себе за Чаир, додаде Груби.
– Ахмети даде се од себе за Чаир и сиот свој политички капитал го вложи во Чаир. Можеше да го испрати Скендербег во Тетово, многу полесно ќе беше Универзитетот Мајка Тереза да го однесе во Кичево, но неговата политика беше да ги зајакне Албанците од Скопје и да ја врати политиката во Скопје, а тоа ви пречи, изјави вицепремиерот Груби.