Еден сопатник и еден возач се потешко повредени, а шестмина се здобиле со полесни повреди во осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според билтенот на СВР Скопје, 21 возач се движеле со поголема брзина од дозволеното, а тројца возачи возеле под дејство на алкохол. Дваесет возачи возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило, а од сообраќај биле исклучени и четворица возачи почетници.
Исклучени од сообраќај биле и 16 нерегистрирани, едно технички неисправно возило и осум нерегистрирани.
Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 87 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.
Полицијата санкционирала и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено звето, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин и еден за неправилно престројување.