Групата Вагнер на својот профил на Телеграм објави видео од Бахмут, на кое се гледа военото знаме на 24-та механизирана бригада „Борис Џонсон“, кое го носи името на поранешниот британски премиер, близок до украинскиот претседател Володимир Зеленски и поддржувача Владата во Киев.
Во видеото објавено од агенцијата РИА Новости, командантот на групата Вагнер тврди дека 24-та механизирана бригада „Борис Џонсон“ била поразена во судирите во Бахмут, каде се уште имало жестоки борби со украинската армија.
На видеото, маскираниот брат на Вагнер ги покажа амблемите на единиците кои учествуваат во битката за Бахмут, а потоа го покажа украинското национално знаме со зборовите 24-та механизирана бригада Борис Џонсон.
– Кога беше погодена таа единица, таму најдовме знаме, рече тој, покажувајќи го военото знаме на 24-та механизирана бригада.
Поранешниот британски премиер во Украина важи за херој бидејќи ги охрабри западните земји, ЕУ, но и САД, Канада и Австралија воено да ја поддржат Украина, откако Русија пред една година изврши инвазија на Украина.
Видеото може да го отворите ТУКА.