Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја совлада попладнево Грузија со високи 4-0 (2-0) во воведниот натпревар на УЕФА квалификацискиот турнир од втората рунда во Б – Лигата на нации што денеска почна во Скопје.
Панеска во 22 минута ја донесе Македонија во водство, а предноста до крајот на полувремето ја удвои Сулејмани (45+2). Избраничките на селекторот Астрит Мерко дојдоа убедлив триумф над Грузија со два гола во финишот на натпреварот на тренинг центарот на ФФМ преку Меијер (82) и Настовска (90+5).
Во вториот натпревар од воведното коло ви групата Б1, Израел на стадионот во Ѓорче Петров го совлада Гибралтар со 6-0.
Македонската репрезентација во второто коло, в петок од 13 часот, ќе игра против Гибралтар, а во завршното коло в понеделник против Израел.
Пласман во А – дивизијата од Лигата на нации ќе обезбеди првопласираната репрезентации од квалификацискиот турнир во Скопје.