Со градоначалникот на Крџали, д-р инж. Хасан Азис бевме во обиколка на off-road патеката со “АТВ” и разговаравме за улогата на спортско – рекреативните содржини врз туризмот и локалниот економски развој, објави струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.
– За љубителите на адреналин, носам убави вести – Струмица ќе стане побогата за off-road патека! Преку понуда на атрактивни содржини во сферите на интерес на локалното население и пошироко, го збогатуваме секојдневието на нашите сограѓани, објави Костадинов на својот официјален профил на Фејсбук.
Претходно објава за тоа имаше и неговиот колега од Бугарија, Хасан Азис.
– Заедно со градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, направивме обиколка на теренската рута во Карџали и споделивме заеднички интерес за АТВ. Во март т. г. Карџали ја отвори натпреварувачката сезона со најголемата теренска трка на Балканот „Карџали Off-road Fest 2023“. Последниве години Карџали се етаблира и како главен град на терен со успешна реализација на натпреварите, објави Азис.