Ковачевски да престане да биде кукавица. Дезертирал од служењето на воениот рок, прогласувајќи се за трајно неспособен, се плаши од избори и бега од ТВ дебата за актуелните теми. Врв на неговиот кукавичлук е последниот случај за кој зборува јавноста со оставката која ја поднел, па ја повлекол под притисок на ДУИ и Талат Џафери, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Разбираме дека му е страв да се соочуваат аргументи или да се соочи со казната на народот, ама да нема свое јас и свое достоинство, тоа веќе е голем срам за него и за неговата партија. Очигледно дека кога една ваква лична одлука на Ковачевски, како што е оставка од функцијата, му зависи од поголемиот коалициски партнер ДУИ, тогаш не би не зачудило Ковачевски за сопствено мислење да се консултира со Мала Речица. Му порачуваме на Ковачевски дека бегање од народ и од одговорност нема. Тоа што се пишманил од оставката само ја продолжува неговата агонија, но што е полошо ја продолжува и агонијата на Македонија. Нека си олесни сам на себе и нека си поднесе оставка за да ја спаси Македонија од неговата криминална и корумпирана влада, велат од партијата.