Сите сојузници на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
– Сите сојузници се согласуваат дека Москва нема право на вето за проширување на НАТО. Напредуваме, сојузниците се согласуваат Украина да стане членка, изјави Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.
Министрите за надворешни работи на НАТО денеска на вториот ден од состанокот во Осло разговараат за новите трошоци за одбрана и за идните односи на алијансата со Украина.
– Секој нов руски дрон и ракетен напад само ќе нè натера да ги поддржиме Украинците уште повеќе во нивната самоодбрана, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок пред разговорите.