„Дијаманти“ е насловот на новата песна на Волф (Wolf) и Декс, по нивната прва песна „Безобразно“, објавена мината година, која одлично помина во музичкиот етер низ цела Македонија.
Новата песна „Дијаманти“ е со голем потенцијал да биде вистинско летно музичко освежување на нашата домашна сцена.
Аранжманот и продукцијата се дело на Гоце Симоновски, уметник и композитор, воедно и бас гитарист на бендот на Влатко Лозаноски. Додека изведбата и текстот се на Декс и Волф.