Вонреден инспекциски надзор во Психијатриската болница Бардовци откако на социјалните мрежи се појавија вознемирувачки видеа, пренесува ТВ Телма. На една од снимките жртвата ја тераат да се претстави, а потоа човекот кој ги снима и објавува видеата им дава насоки на други пациенти физички да го малтретираат новодојдениот за како што вели да се запазела праксата. Од разговорите на видео снимката може да се слушне дека таков бил редот со сите нови кои доаѓаат во болницата како и дека ќотекот излегол од рајот.
Од МВР велат дека случајот е пријваен и се превземаат мерки за негово расчистување. Крвнички претепаниот пациент го потврди и директорот на Психијатриската Болница Бардовци Мусхин Арифи. Тој на социјалните мрежи објави дека станува збор за лица кои се сместени во судско одделение, каде што се третираат пациенти кои извршиле кривично дело убиство или обид за убиство.
Ве известувам дека од моја страна по настанатиот случај се преземени сите безбедносни мерки за заштита на пациентите и известени се надлежните институции кои во моментот се грижат за безбедноста. Очекувам во најкраток рок институционално решавање на случајот, а во меѓувреме започнав со воведување мерки и механизми за превенција на вакви идни немили настани“, вели Мусхин Арифи В.Д директор на Психијатриска болница „Бардовци“
Мусхин Арифи дојде на чело на оваа установа, откако беше разрешен Блерим Халими. На денот на објавување на вознемирувачки видеа Халими побара одговори од министерот за здравство Меџити и генералниот секретар на Алијанса Таравари за негово разрешување и дали причината е тоа што сакал да спречи криминал и корупција.