Протест за поддршка на копретседателот на бугарското здружение Шемето во Струга, Бекир Кадриески кој тврди дека бил претепан поради бугарското национално чувство се одржа во Софија пред Македонскиот културен центар.
– Нападите против Бугарите станаа десетици, а позадината на тоа е долготрајната репресија врз нив во С. Македонија, која започна со комунистичкиот терор во Југославија, рекоа организаторите на настанот.
За нас нема дилема дека Македонија е бугарска, рече европратеникот Ангел Џамбаски, пренесе порталот А1он.
– Резолуцијата на германскиот Бундестаг за С. Македонија е навредлива за Бугарија и е голем неуспех на бугарската дипломатија. Тоа значи непријателство кон нашата земја. Тоа ќе има огромен негативен ефект, бидејќи Бугарија е директно повикана да нема претензии за заштита на правата и легитимни интереси на луѓе со бугарска самосвест. На овој начин Германија застанува на страната на антибугарската моќ во С. Македонија“, рече Џамбаски.
Кадриевски беше пренесен во Софија каде му беа направени прегледи откако обвини дека лекарите кои го прегледувале во болницата во Струга не обрнале доволно внимание. Од Воено-медицинската академија во Софија информираа дека е во стабилна сосотојба и нема посериозни повреди.
Претходно истиот пат го мина и охриѓанецот Кристијан Пендиков, кого бугарските власти го однесоа на лекување во Софија, а потоа со највисоки држвани церемонии му врачија бугарски пасош.