При денешната посета на општина Аеродром претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што мисли дека е одржлив излез од политичката криза и застојот во евро интеграциите истакна дека единствениот избор се избори.

„Да, ние немаме намера да влегуваме во разговори каде што контура на тие разговори ќе биде бугарскиот диктат сме го кажале нашето мислење, една година имаме конзистентен, непроменет став и таков ќе биде тој став и во иднина, тука да немате дилема, дека уставни измени под бугарски диктат не само што нема да прифатиме туку категорично ги отфрламе и ги одбиваме. Што се однесува за излезот, излезот се избори. Очигледно е дека изборот се избори и тоа е нај логичното нешто што може во моментот да се случи. Час поскоро да имаме избори, притисокот кој што се случува во општеството да биде катализиран. Таа енергија негативна која се случува низ општеството да има одредена своја дисипација односно да може да се раслои и само на тој начин ние можеме да дојдеме до релаксација на тензијата во општеството во спротивно таа ќе рутира до степен на неиздржливост. Затоа мојата порака до владата и до Димитар Ковачевски, еве бега од ТВ дуели и соочување за заедно пред јавноста да се разбереме што било, како било што ќе биде во иднина, бега да разговара јавно, еве ако веќе е толку сигурен во неговите политики и така месеци е тој уште премиер бидејќи секако и во редовниот рок ние мораме да имаме претходно техничка влада, така што вреди ли уште неколку месеци да се изгубат а на сметка на тоа Димитар Ковачевски биде премиер јас мислам дека не вреди, бидејќи не нудат ништо, главната политика им се распаѓа и затоа во име на интересот на граѓаните во име на интересот на Македонија ги повикувам да се охрабрат, еве таму формираа фронтови заедно ли сите на купче ќе одат сам по сам како сакаат да излеземе на избори“ , нагласи Мицкоски.