Историската шанса мора да се искористи, после скоро една година откако ги започнавме преговорите со ЕУ, имаме реална шанса да бидеме во пакетот на држави кои ќе бидат идни членки на ЕУ, соопшти СДСМ.
– Нема да се откажеме од дијалогот, дијалогот е најдобро средство и ќе се обратиме до секој пратеник, до секоја политичка партија затоа што сметаме дека сите имаат одговорност. Ако цела европска и светска јавност ни вели дека сега е вистинскиот момент и ние знаеме што се нашите обврски, вистинското место, вистинското време за отворање на дијалогот е сега, се вели во објавата на СДСМ на нивниот официјален профил на Фејсбук.
Од владејачката партија соопштуваат за денешните партиски активности под мотото „рамо до рамо до победа“:
– Историската шанса мора да се искористи, после скоро една година откако ги започнавме преговорите со ЕУ, имаме реална шанса да бидеме во пакетот на држави кои ќе бидат идни членки на ЕУ, имаме реална шанса за реализација на уште една стратешка цел. Теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ денеска продолжија со средби на партиски тимови со граѓаните во општините Куманово и Демир Капија. Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ беше во Куманово. Средби со граѓаните на Демир Капија оствари Каја Шукова, се вели во објавата на Фејсбук.