Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами во интервју за Еуроњус Албанија коментирајќи ги случувањата по објавувањето на „црната листа“ на САД на која се најде струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, изјави дека за таа листа „е печен“ и лидерот на ДУИ.
Касами рече дека Рамиз Мерко е „малата риба“ и оцени дека јавноста ќа биде шокирана кога ќе бидат објавени и другите имиња, како што впрочем беше и официјално најавено.
– Во овој процес сметам дека на црна листа треба да биде ставен првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. ДУИ се движи континуирано надолу, зашто функционери на таа партија крадеа за време на дваесетте години на власт, рече Касами.