Јас ги познавам, фамилија сме, кои биле, колку имале, со што се занимавале пред 2001 година и потоа, вели Фатмир Лимани, роднина и поранешен сопартиец на Али Ахмети, а сега потпретседател на Беса.

– Биле сточари и земјоделци и секогаш на работ на егзистенција, целата фамилија Ахмети, изјави Лимани за Фокус.

Според неговите кажувања богатството го стекнале по војната на сомнителен начин и според него сите институции да се ангажираат нема да можат да го најдат крајот на нивниот криминал.

Лимани порачува дека треба да се контролира во детали имотот на синот на Ахмети, Шкумбин, ќерката Ускана, на внукот Дрин Ахмети, на братот Фекри Ахмети и самиот Али Ахмети. А потоа и партискиот објект во Скопје, во Чаир, објектот на партијата во Тетово, кој како што тврди Лимани, се лично на Ахмети, а се водат на име на партијата…