„Господа од власта дали би дозволиле да се прави сето тоа на вашите деца, што Вие на нас ни го правите? Да сме на ваше место и да ги држиме во неизвесност со години и со месеци“ упати прашање до Владата, до премиерот Димитар Ковачевски, до министерствата за здравство и за финансии пациентот кој боледува од цистична фиброза – Игор Пехчевски.
„Дали сте свеснии колку е жално и болно да ги држите болни луѓе во неизвесност за лек од кој животот им зависи?“ – прашува тој на Фејсбук.
„До кога оваа бирократија ќе трае? До кога нас и нашите семејства ќе не држите во страв и неизвесност? До кога ќе ни создавате дополнителни компликации и проблеми од тие што ги имаме со здравјето? Не може и недозволиво е да ни ги ускратувате лековите кои ни се со Уставот загарантирани и од кои зависии нашиот живот, нашата иднина“ додаде Пехчевски во својата објава.
На крајот тој потенцираше – „Го бараме лекот ТРИКАФТА (KAFTRIO) ВЕДНАШ“.