Презвитер Ивица ТОДОРОВ

Повторно и повторно министерката (за труд и социјална политика) ја одбегнува вистинската причина за реакцијата и на МПЦ -ОА и на сите верски заедници, но и на невладини организации, експерти, граѓани. . .
Причината не е во родовата рамноправност помеѓу жените и мажите, туку во воведувањето на крајно проблематичната РОДОВА/ GENDER идеологија во која родот не е само социјален конструкт во однос на општестевно – социјалните улоги и позиции на мажите и жените, туку РОДОВИОТ ИДЕНТИТЕТ во родовата идеологија се дефинира како лично/ субјективно доживување на својот пол, својата сексуалност, своето самодоживување. . .

Еве доказ за истото од предлог законот за родова еднаквост:

Член 4

1) „Пол“ ги подразбира биолошките и психолошките карактеристики врз основа на кои луѓето се
дефинираат како жени или мажи.

2) „Род“ ги подразбира општествени својства и можности што се поврзуваат со тоа да се биде женско или да се биде машко, и со односите меѓу жените и мажите и момчињата и девојчињата,
како и односите меѓу самите жени и односите меѓу самите мажи.

3) „Родов идентитет“ се однесува на внатрешното и индивидуално доживување на сопствениот
род што секое лице длабоко го чуствува за себе, што може но и не мора да соодејствува на
полот што му е определен при раѓање, како и личното доживување на сопственото телото и
поинакво изразување на родот, вклучително име, облека, говор, манири и дуго.

5) „Дискриминација врз жените е секоја дистинкција, исклученост или рестрикција по основ на
пол, род и родов идентитет што влијае на, или има за цел да го попречи или поништи признавањето, уживањето или остварувањето на човековите права и основни слободи на
жените во политичката, економската, социјалната, културната, граѓанската или која било друга
сфера, независно од нивниот брачен статус, и врз основа на еднаквоста на мажите и жените.

6) „Жени, мажи и лицата со разновидни родови идентитети“ ги опфаќа и лицата до 18 годишна
возраст.

7) „Жени и мажи“ се однесува и на трансродовите лица кои така се идентификуваат.

8) „Лице со разновидни родови идентитети“ е секое лице кое не се идентификува во бинарните идентитети на жена или маж, а ги опфаќа и трансродовите лица, транссексуалците, интерсексуалците и родово небинарните лица.