Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека е загрижен поради порастот на популарноста на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) на анкетите. Истовремено, тој предупреди на протестно гласање со кое гласачите сакаат да го изразат своето незадоволство од политичките текови.
„Секој гласач ја презема одговорноста за она што го прави“, рече Штајнмаер во интервју за телевизијата ЗДФ и додаде дека тоа е точно доколку гласачот ја зајакне партијата што ја прави политичката дебата погруба. АфД досега беше на маргините на германската политика. Но, неодамна во Германија се појави остра политичка дебата за подемот на екстремната десница.
„Не смееме повеќе да ги охрабруваме постапките на оние кои шират страв во ова општество“, предупреди претседателот.
„Не ни треба нагло зголемување на оние што шират страв, туку на оние што решаваат проблеми“.
Антиимиграциската АФД во моментот има поддршка од 20 отсто од германските гласачи во анкетите. Оваа најголема популарност досега ја надминува и онаа на социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц.