Кратко откако свое видување на ситуацијата околу Златан Ибрахимовиќ даде претседателот на Лос Анџелес Галакси, Крис Клајн, со свој коментар во јавноста се јави и шведскиот напаѓач.
Иако се поврзува со трансфер во Милан, Ибрахимовиќ во интервју за клупскиот сајт на Галакси истакна дека негов приоритет е останување во Лос Анџелес, но потврди дека за него има интерес од неколку европски клубови.
– Клубот ги знае моите желби и моите барања. Сега останува на нив што ќе одлучат, но тие се многу позитивни. Беа одлични со мене, многу ни помагаа мене и на моето семејство со се што ни требаше. Имам одлични односи со секој овде и можам да кажам дека не сум загрижен.
– Не е тајна, има интерес од клубови од Европа, но мој апсолутен приоритет е Галакси. Јас сум тука и многу сум среќен – коментираше Ибрахимовиќ.