Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека изјави дека неговите приоритети во разговорите со лидерите на НАТО се нови пакети за воена помош, покана за членство во НАТО и безбедносни гаранции за Украина додека се движи кон пристапување.
– Треба да се разбере дека ни е потребна покана (во НАТО) во моментот кога безбедносната ситуација тоа ќе го дозволи, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.
Зеленски е во Вилнус каде се одржува самитот на НАТО, а денеска попладне е првиот состанок на Советот НАТО-Украина.
Лидерите на НАТО вчера се согласија да ја поканат Украина да се приклучи на Алијансата „кога ќе се исполнат условите“.