Не може Бугарија да отвора процес за уставни измени во Македонија, а македонската Влада да не побара од Бугарија барем 3 од 14-те пресуди на ЕСЧП да се реализираат во корист на тамошните Македонци, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за Дојче Веле .

Тој го оценува како неприфатлив текстот на предлог-иницијативата за уставни измени, кој Владата го испрати во Собранието за натамошна постапка.

– Владата дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинираше текст за уставните измени кој не само што не е прифатлив, туку можам да кажам дека е тотално неразумен, и ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон полноправно членството во ЕУ. И баш би сакал сега да го слушнам оправдувањето од Владата- во кој дел од заклучоците од Советот на ЕУ, во кој дел на преговарачката рамка, и во кој дел на протоколот, овој текст на овие уставни измени е содржан, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата натаму додава:

-Причините зошто таквите измени се неприфатливи се повеќеслојни, и пред сѐ, врзани со непостоењето на никакви гаранции дека ова ќе биде последната отстапка на патот кон ЕУ што Македонија треба да ја направи и отсуството на механизми за заштита на идентитетските прашања, како и понатамошни други теми кои може да се отворат со прифаќањето на измените, особено во делот на активната работа на Комитетот за односите меѓу заедниците. Се чини дека доколку и оваа брана се пробие, утре нема ништо да го запре источниот сосед, врз основа на имагинарни бројки да бара и квоти за вработување на Бугарите, соодветна и правична застапеност и ред други барања кои ќе бидат производ на политиката, а не на реалните потреби, објасни Мицкоски.

Целата статија може да ја прочитате ТУКА.