Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини во Македонија е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во продолжение детален извештај за забраните и ограничувањата на некои патишта низ Македонија:

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

– петок од 17:00 – 22:00 часот,

– сабота од 09:00 до 18:00 часот и

– недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

– петок од 15:00 – 22:00 часот,

– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Од настанатите поплави на 14.06.2003 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Извештај бр. 0699 31.7.2023

06:00 часот

Регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 03.7.2023 ќе се започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга – Дебар (фаза 1 асфалтирање кај с. Глобочица и фаза 2 – асфалтирање кај с. Луково) каде што ќе има целсно затворање на сообраќајот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 08.7.2023 г.

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 19.06 до 23.06.2023 год., делницата Велес – Градско (во н.м. Градско) ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

Од 16.06.2023 година почнува реконструкција на регионалниот пат Р 1206 од потегот кај кружниот тек во с.Боговиње до с.Пирок. Градежните работи ќе се извршуваат во наредните 10 дена секој ден од 07 до 19 часот со повремени прекини во сообраќајот.

Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено, со ограничување на максимална брзина до 30 км/час.

Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023, а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ГД Гранит АД Скопје известува дека поради изведување градежни работи при реконструкција и изградба на државен пат А2, делница: Крива Паланка – ГП Деве Баир, ќе има времена измена на режимот на сообраќај.

ДТГ Жикол Доол извести дека од ден 10.5.2023 г. поради вршење на градежни активности на делницата Струмица – Дабиље, е поставен времен режим на сообраќај.

Од ден 08.5.2023 г. започнаа градежни активности на објект: Поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ Битем Дооел Скопје согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ Битем Дооел Скопје. На трасата на која се изведуваат градежните работи има времен режим на сообраќај.

Од ден 26.4.2023 г. започнаа градежни активности на Државен пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот е пренасочен на Регионалниот пат Р1102.

Почнувајќи од 06.03.2023, на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Според информација од ДГТ Жикол, поради изведување на градежни работи на државен пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, сообраќајот на автопатот ќе се одвива според времен режим.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес – Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

Од 03.11.2022 започнуваат градежни работи на Државниот пат А4, делница Блаце – Скопје. Градежните работи почнуваат со комплетно затворање од 11 + 056 км до 12 + 369 км и пренасочување на сообраќајот по околната сообраќајна мрежа.

Г.П. Илинден – Струга известува дека на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од с.Требеништа – Охрид од 13.10.2022, се воведува изменет режим на сообраќај. На учесниците во сообраќајот им се препорачува да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo поради изведување на градежни работи наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од 28.09.2022 год. во наредните 9 месеци, и сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

СТРАБАГ АГ известува: Врз основа на Одобрение за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1 – делница Велес – Неготино, издадено од Министерство за транспорт и врски со број 11-уп-46/4, од 21.07.2022 година, кое се однесува за изградба на новата клучка Градско (како дел од автопат А1), на гореспоменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци, а ќе се применува времената измена на режим на сообраќај.

Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, во зоната на изградба на новата клучка Градско и тоа во правец кон граничен премин Богородица и во правец кон граничен премин Табановце. Сообраќајот ќе се одвива по возната сообраќајна лената, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин “Блаце” од 17.06.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар, од 05.04.2022 се изведуваат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар. Сообраќајот се одвива наизменично и е регулиран со семафори.

”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради градежни активности од 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

АМСМ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР