Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на телевизија Алфа потенцираше дека условените оставки од министрите на ДУИ се маркетиншки трик и обид за дефокус од криминалот и корупција на владата на СДС и ДУИ.
Тоа е само уште еден маркетиншки трик добро разработен во ДУИ. Оставките на ДУИ дојдоа во моментот кога над ДУИ падна оној мрачен облак на јавно објавување на криманлиите и криминогените состојби кои треба да ги истражи ЈО. Дали сега некој збори за претприемачкиот дух на младиот од семејството Ахмети кој без еден денар се стекна со огромен процент на сосптвенот на Трговски центар среде Скопје, зборам за случајот Соравија. За Артан Груби односно неговиот несразмерен имот и неговото таложење на имот и покажување на богатсво за кое треба да покаже од кадее потеклото на тие пари, затоа што претходно има поврзаности со други случаи и афери кои што ги објавувавме. И сега никој не збори за младиот Ахмети, никој не збори за Груби, никој не збори за хотелот на Попова Шапка, никој не збори за соседот на Груби кој е сопственик на хотелот на Шапка а потоа му дава автомобил на Груби така на позајмица кој што чини повеќе од тоа што е платено за хотелот. И сега никој не зборува за тоа, сите зборат за условените оставки кои се непозната терминологија условени од министрите на ДУИ, вели Стоилковски и додаде дека криминалот и корупцијата продолжува и понатаму.
А во меѓувреме продолжува да тече криминалот и корупцијата од владата на ДУИ и измеќарите од СДС и Димитар Ковачевски. Значи тие слугуваат на интересите на ДУИ, истакна Стоилковски.
Стоилковски посочи дека ДУИ со ова се обидува да купи ден за својот можен криминал и корупција, а во тој пакет се обидува да ги спаси и СДС, укажувајќи дека поразот им е неминовен.
ДУИ сега се обидува да купи ден повеќе за својот можен криминал и корупција, а во тој пакет се обидува да ги спаси и СДС. Поразот им е пред врата, избори мора да има што побрзо за доброто на Македонија, смета тој се со цел да започне борбата со криминалот и корупцијата.
Што се однесува до односите со Бугарија, Стоилковски истакна за нив не е толку виновна Бугарија, колку што е виновна владата на СДС која води попуслива политика и ги отвори овие прашања.
И за тоа простете но, јас не гледам вина кај нив. Јас гледам вина во попустливоста на власта која што дозволи, отвори едно такво поле, а сега молчи кога станува збор за добрососедството, за европските интеграции или кога станува збор за уставните измени, рече тој.
На прашањето за чествувањето на Илинден и говорот на Ковачевски на Кале, нагласи:
Воопшто на нив во фокусот не им беше Илинден, Илинденското востание, ниту пак македонскиот карактер на Илинденското востание, ниту македонското востание, нив им беше во пред план истакнување она што беше актуелно во моментот, а тоа е да упатат порака до Софија дека се подготвени да одат до крај во насока на уставните измени.
Стоилковски го повтори уште еднаш ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека уставни измени под бугарски диктат нема да поддржат.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот кажан уште пред година дена, а тоа е дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Нема да има, дециден е Стоилковски.