Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ, за ДУИ да се повлече од власт, е шовинистичко, но неговата партија е подготвена да оди во опозиција, како и на предвремени парламентарни избори само ВМРО-ДПМНЕ гласа за промените на Уставот.
– И покрај тоа што ова барање на ВМРО-ДПМНЕ, е непренципиелно, тоа е шовинистичко, бидејќи барат да излезат само министри Албанци, кои не паднаа од небо, туку беа избрани од мнозинството од албанската заедница и сега друга заедница која се обидува да ја преземе власта, ќе ја скрши волјата на албанскиот народ е целосно шовинистичка димензија, но и покрај ова оценивме дека сега е Европа пред се, тоа е историски момент и време е да ги оставиме овие димензии настрана. Ако ова е барањето за поддршка на уставните измени, еве го исполнуваме… Ние сме за предвремени избори, само ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени, изјави Османи за МТВ2.