Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва го оцеби како „многу навредлив“ предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон, дека Европа треба да формира сопствена војска за да се заштити од Кина, Русија и САД.
– Тоа е многу навредливо, но можеби Европа најпрво треба да го плати својот праведен дел во НАТО, кој САД во голема мерка го субвенционираат, напиша Трамп на својот налог на Твитер, по пристигнувањето во Франција, каде треба да се состане со својот француски колега, пренесе Танјуг.
Макрон во вторникот изјави дека на Европа и е потребна „вистинска војска“ за помалку да се потпира на САД, кога станува збор за одбрана.
– Мораме да се заштитиме од Кина, Русија, дури и од САД, изјави тогаш Макрон за француски медиуми.