Полска планира да распореди до 10.000 дополнителни војници на границата со Белорусија за поддршка на Граничната стража, изјави денеска министерот за одбрана Мариуш Блашчак.
– Околу 10.000 војници ќе бидат на границата, од кои 4.000 директно ќе ја поддржуваат Граничната стража, а 6.000 ќе бидат во резерва, соопшти министерот во интервју за јавното радио. – Ја приближуваме армијата до границата со Белорусија за да го избркаме агресорот, за да не се осмели да нè нападне, изјави Блашчак.
Заменик-министерот за внатрешни работи Масиеј Вашик вчера изјави дека Полска ќе испрати дополнителни 2.000 војници на границата со Белорусија.