Руските власти денеска соопштија дека руската противвоздушна одбрана соборила четири украински беспилотни летала во близина на Москва и над областа Брјанск, која граничи со Украина.

Западно од Москва бил соборен еден од дроновите и се слушнале четири експлозии непосредно по 03:00 часот по локално време.

Едно од беспилотните летала било соборено над Красногорск, град во близина на Москва, каде што е сместена управата на Московската област.

Воздушниот простор над рускиот главен град бил привремено затворен, а трите главни аеродроми – Внуково, Шереметјево и Домодедово, накратко престанаа со работа, при што сите летови беа пренасочени. мс/