Украина и Канада започнаа преговори за безбедносни гаранции, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Почнавме преговори со Канада за билатерален документ за безбедносни гаранции. Претходно почнавме со САД и Велика Британија. Тоа ќе и даде на Украина многу повеќе можности“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање, пренесува Укринформ.
Тој исто така истакна дека повеќе од 20 земји веќе се приклучија на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Украина.