Мојот драг пријател, Генци Кадриу е уметник и професор кој живее и работи во градот Фиер, Република Албанија, објави Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.
Неговите родители, додава Стерјоски во објавата на Фејсбук, се преселиле од областа на Голо Брдо во градот Фиер во 60-те години од минатиот век.
– Како познат уметник во Албанија, две години работи на композицијата “Македонија” посветена на македонското потекло на неговите родители каде во гипс ја има преставено дел од македонската историја.
При мојата посета на Фиер ја имав таа чест облиску да ја видам ова уникатна композиција за македонската посебност, вели Стерјоски.
Желба на Генци Кадриу, додава Стерјоски, е ова композиција да ја направи во бронза.
– При првата наша среба од пред неколку години Генци ми кажа дека македонскиот јазик го научил од своите родители така како што го збореле во Голо Брдо и дека српскиот, бугарскиот и грчкиот јазик не ги разбира додека со селата што се во Македонија од другата страна на границата се разбираме и имаме ист јазик, пишува Стерјоски.
Видеото може да го отворите ТУКА.