Епидемијата на колера во Конго ќе трае уште најмалку шест месеци бидејќи импровизираните здравствени објекти, што нудат традиционални и современи методи на лекување, станале главен извор за пренесување на болеста. Тоа го изјави Питер Салама, заменик генерален директор на Светската здравствена организација.
Салама истакнува дека за таквите здравствени центри се верува дека се поврзани со повеќе од половината од вкупниот број случаи во Бени, најголемиот град кој е погоден од актуелната епидемија на ебола, а која однесе над 200 животи.
Во тие објекти хигиената и начиниот на користење инјекции се релативно небезбедни, појаснува епидемиологот.