Тоа што по притисоците на (Артан) Груби, ДКСК не гледа корупција што кумот на Ковачевски ниже државни пари не го прави Ковачевски чесен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-ДКСК функционира под притисокот на Груби, кој јавно ги омаловажува како институција.
ДКСК сега по 1 година утврдуваат нешто за кое кажале дека нема судир. А за другиот дел од пријавата, за трговија со влијание нема ниту збор.
Кумот на Ковачевски со фирмата која заедно ја основале земал државни пари, во време додека Ковачевски бил на функција, и тоа е факт.
СДС може да се тешат со некаков документ од ДКСК кој моментално ги аболира, но нема и не можат да избегнат одговорност, додаваат од партијата.