Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји синоќа изјави дека Пекинг сака да го „намали недоразбирањето и погрешното проценување“ со Вашингтон, пред состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Во изјавите за медиумите пред средбата со Блинкен во Вашингтон, Ванг рече дека односите меѓу Кина и САД мора да се вратат на здрав, стабилен и одржлив пат.
– Што е правилно, а што погрешно, не се заснова на тоа кој има „посилна рака или погласен глас, туку ако некој се однесува на начин што е во согласност со одредбите од трите заеднички коминикеа Кина-САД, во согласност со меѓународното право и основните норми на меѓународните односи и во согласност со климата на времето, рече главниот кинески дипломат.
Блинкен рече дека се согласува со она што го кажал кинескиот министер и оти со нетрпение очекува „конструктивни разговори во следните два дена“.
Посетата на Ванг треба да заврши утре.
Фото: МИА архива