Путин потпиша договор за повлекување на одлуката за забрана на нуклеарното оружје

/ 02.11.2023

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон со кој се откажува руската ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови, објаснувајќи дека Москва сака да се усогласи со САД.

Русија рече дека нема да продолжи со тестирањето доколку Вашингтон не го стори тоа, и дека повлекувањето на ратификацијата не го менува нејзиниот нуклеарен став или начинот на кој споделува информации за своите нуклеарни активности.

Вашингтон го потпиша, но никогаш не го ратификуваше договорот од 1996 година. Путин рече дека сака Русија, која го потпиша и ратификуваше пактот, да го заземе истиот став за договорот како и САД.

Некои западни експерти за контрола на оружјето се загрижени дека Русија може да се доближи до тестирање за одвраќање среде војната во Украина.

Путин на 5 октомври рече дека не е подготвен да каже дали Русија треба да продолжи со нуклеарните тестирања откако некои руски безбедносни експерти и пратеници повикаа на тестирање нуклеарна бомба како предупредување за Западот.

Ваквиот потег може да започне нова ера на нуклеарни тестови од страна на големите сили, стравуваат западните аналитичари. Одобрувањето на Путин на законот за повлекување на ратификацијата беше објавено на веб-страницата на владата, на која се вели дека одлуката стапила во сила веднаш.

Двата дома на рускиот парламент го одобрија овој потег. Постсоветска Русија никогаш не извршила нуклеарна проба. СССР последен пат тоа го направила во 1990 година, а САД во 1992 година.


Од истата категорија