Американската влада очекува кампањата на Израел против Хамас во Појасот Газа да влезе во нова фаза во наредните денови, се наведува во извештај на американски медиуми.
Си-Ен-Ен јави, цитирајќи висок владин функционер во Вашингтон, дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден очекува намалување на воздушните напади и посилен „тактички фокус на копнената кампања“. Официјалниот претставник рече дека целта најверојатно ќе биде да се уништи огромната мрежа од комплекси на подземни тунели на Хамас. Додека хуманитарната помош продолжува да се испорачува во Појасот Газа, американската влада очекува „намалување на она што го видовме“ во однос на масовните израелски воздушни напади.
Од нападите на 7 октомври на палестинската екстремистичка група Хамас, која владее со Појасот Газа, Израел соопшти дека нападнал повеќе од 12.000 цели. Во меѓувреме, копнените трупи напредуваат и против терористите на Хамас и воени цели. Израел ги објави своите планови да го уништи Хамас откако неговите милитанти во серија напади убија 1.400 луѓе и држат 249 заложници.
Фото: ЕПА