Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармановиќ изјави дека во случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, Црна Гора постапувала како и со секој друг странски државјанин, бидејќи не поседувала информации дека е баран поради извршен криминал или за издржување затворска казна.
Според него, нема ништо спорно во преминувањето на Груевски низ Црна Гора на пат кон Унгарија каде што побара политички азил.
– Во времето кога одлучи да побара азил во Унгарија и кога унгарските дипломати решија да му дадат одредени услуги, Никола Груевски не беше на потерница на Интерпол, ниту Македонија имаше издадено некакви сигнали кои на другите земји би им дале до знаење дека тој е лице надвор од законот. Со самото тоа црнгорските државни органи го третираа како и секој друг граѓанин кој се наоѓал на територијата на Црна Гора во друштво на дипломати со дипломатски таблички и со сите други имунитети, изјави Дармановиќ на денешната средба со претставници на медиумите во Подгорица