Ја разбираме нервозата во СДС. Впрочем тие прават лажливи пресови и растураат пердуви затоа што се исплашени од јавното говорење и објавување на афери од страна на Николоски против бандата СДС-ДУИ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ, која го обвини Александар Николоски дека има врска со загинатиот градежен работник во Скопје во ноември оваа година кој работел за фимрата на Ивица Георгиевски. Во реакцијата понатаму се истакнува:
„Освен што се клептомани, СДС се и некрофили и лажговци. Клептомани се затоа што крадат и кога спијат. Некрофили се затоа што злоупотребуваат смрт и несреќен случај. А лажговци се затоа што Николоски ниту е партнер ниту има било каков сопственички удел во споменатата компанија.
Низ овој случај каде се води јасна хајка се потврди спрегата Стевчо Јакимовски-СДС. Денес впрочем СДС ги читаше статусите на Јакимовски на прес конференција. Бидејќи станува неподносливо лажењето на СДС доколку не се извинат за изнесените клевети и навреди кон Николоски ќе биде поднесена тужба за клевета.
Тоа нема да го поколеба ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Николоски да останеме најревносните борци против криминалот на СДС и ДУИ.“