Сакаме да изразиме една огромна загриженост што првата седница во 2024 година е седница на Комисијата за европски прашања на која што најголем приоритет во оваа година наместо низа на закони кои што се од оние антикризни мерки и кои што би требали да го подобрат животот на граѓаните е ставен законот за игри на среќа, нормално со европско знаменце, рече на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
-Уште на самиот старт сакам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе биде против ова законско решение бидејќи е уште едно од низата законски решенија во кои се злоупотребува европското знаменце. За овој закон, но и за низата такви кои што беа донесени со европски знаменца имавме и критика во Извештајот на Европската комисија, а и директно австрискиот претседател критикуваше, зошто ваков закон се носи на еден ваков начин. Исто сакам да ја потсетам јавноста и претседателот Стево Пендаровски дека на 11 декември, изјави дека доколку вој закон биде поднесен со европско знаменце дека нема да го потпише, па очекуваме да си стои на ставот што самиот го искажа. Имено покрај злоупотребата на европското знаменце, овој закон има и низа одредби кои што се многу спорни бидејќи се врши партизација на целиот сектор на игри на среќа во кои што главни играчи се ДУИ, Артан Груби и вработени во неговиот кабинет, истакна Стојаноски.
Со овој закон се обидува да се легализира сето она што е направено токму од овој господин во изминатата една година во која што се потпишани четири лиценци и се изработени четири одлуку со кои што три онлајн лотарии и една видео лотарија добија можност незконски да работат и токму затоа го брзаат овој закон преку кој што ќе треба да го легализираат сето она што е направено во една година во оваа насока, изјави Стојаноски.
-Исто така ова брзање на овој закон кој што треба да ги покрие незаконитстите во овие одлуки и лиценци за кои како што кажав се доделени на фирми во кои што во нивните управни надзорни одбори се лица кои што се вработени во кабинетот на Артан Груби и еден контроверзен бизнисмен од Бугарија кој шт е ставен на американската црна листа, а тоа е Васил Бошков заљкој што до ден денес не слушнавме никаков демант од Артан Груби и од Владата дека леценците кои што се доделени не се на фирми кои што се во негова сопственост. За таа цел Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ поднесе десет суштински амандмани кои што се во соработка со асоцијацијата на они кои што се во овој сектор. Ние сметаме дека еден ваков важен закон треба да се донесе инклузивно и во дебата со сите чинители, а не да се кријат под превезот на одалеќување на коцкарниците од училиштата бидејќи во овој закон има суштински одредби кои што директно одат во насока на доделување на лиценци на фирми кои што се блиски до ДУИ и Артан Груби. Доколку се искрени во намерата да ги дистанцираат коцкарниците од училиштата тоа можат да го направат со амандман на членот 10 на постојниот закон и тоа да се регулира, потенцираше Стојаноски.
Повторувам, Законот за игри на среќа поднесен со европско знаменце во ваква скратена процедура во Собранието е директвно во корелација на бизнис интерес и на партизација на целиот секторДУИ, Артан Груби и директно ќе служи за нивно лично богатење, а не за заштита на населението од овие појави во овој сектор, додаде Стојаноски.