Талат Џафери платил казна затоа што истовремено бил претседател на Собранието и член на претседателството на ДУИ , со што го прекршил Уставот и законот за спречување на корупција.

Како што информираа антикорупционерите, тие повеќепати барале одговор од ДУИ дали Џафери ја замрзнал партиската функција, но и покрај укажувањата одговор од партијата не добиле. нтикорупционерите одлучија оваа постапка да се запре поради тоа што Талат Џафери е избран за технички премиер, ама сепак настана жестока кавга меѓу членовите на комисијата откако Шемси Салаи реагираше дека за ова прашање била надлежен Уставниот суд, а не Антикоруцписката комисија.

Антикорупционерите побараа од Владата да утврди одговорност кај органите на Фондот за иновации и технилошки развој, вклучувајќи го директорот Фестим Халили поради сомнежи за злоупотреба на законот поради доделените пет милиони денари на фирмите Тхор индустриес и Еверест ЏД, во сопсотвеност на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети. Злоупотребите велат се правеле противзаконски со кратењето на роковите за проектите, принцип по кој Фондот работел и во други случаи кои не се поврзани со Дрин Ахмети.

За Дрин Ахмети не беше иницирана одговорност затоа што тој не бил службено лице, а постапка не беше покрената ниту за неговиот брат Бесиан Ахмети. ДКСК информираа дека не утврдиле пропусти во неговото назначување за економски промотер и прв секретар во амбасадата во Брисел, но конститираа слабости во Законот за надворешни работи поради можноста за напредок на лица кои имаат помало искуство од остантантие дипломати со подолг стаж.