Со месеци ДПМНЕ на партиски прес конференции од белиот дворец тврдеа дека имаат решение и дека ќе го решеле проблемот со личните документи, пасошите и возачките дозволи, се вели во денешното соопштение на владејачкиот СДСМ.

Тие и го сменија името на Република Македонија, тие на власт не обезбедија обрасци и создадо хаос со документите и тие ја обвинуваат опозцијата за хаосот. Во продолжение целото соопштение од Бихаќска:

Сега, откако влегоа во техничката Влада и имаат министер за внатрешни работи, ДПМНЕ наместо решение создава хаос со личните документи и шири паника меѓу граѓаните. Не треба да се казнуваат граѓаните кои ги немаат заменето возачките дозволи.

Тие се за домашна употреба и законот дава можност за опомена. Дополнително, наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши, министерот од ДПМНЕ го укина вадењето пасош без закажување. Тоа негативно влијае затоа што го намалува бројот на граѓани кои можат да се сликаат, а од друга страна драстично го пролонгира процесот.

Тоа значи дека граѓаните со месеци нема да можат да добијат нов пасош, а го доведува во прашање и законскиот рок за издавање пасош, истакнуваат од СДСМ.

ДПМНЕ и тимот на министерот во МВР направија хаос и во одобрувањето на пасошите, наместо 15 дена сега граѓаните чекаат и повеќе од 20 дена а пасошот не им е готов. ДПМНЕ едно зборува во опозиција, сосема друго прави кога е власт.

СДСМ