Северна Кореја денеска истрела неколку крстаречки ракети во близина на нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска.
Ракетите биле лансирани околу 9 часот по локално време, во близина на источниот крајбрежен град Вонсан, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.
– Го зајакнуваме надзорот и нашата војска тесно соработува со Соединетите Американски Држави и внимателно ги следи дополнителните знаци и активности од Северна Кореја, се вели во соопштението на генералштабот.
Фото: МИА архива