Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Минхен изјави дека Кина не е креатор на украинската криза, ниту е страна во тој конфликт, и дека конфликтот во Украина не го гледа како можност за стекнување корист, туку дека повикува на мировни преговори што е можно поскоро.
„Претседателот (на Кина) Си Џинпинг истакна дека суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации мора да се почитуваат. Разумните безбедносни грижи на сите земји мора да се сфатат сериозно и да се поддржат сите напори кои водат кон мирно решавање на кризата “, рече Ванг на панел на Конференцијата за безбедност во Минхен.
Тој посочи дека тоа е фундаменталната позиција на Кина и дека Кина е упорна во промовирањето на мировните преговори и играњето позитивна улога во обновувањето на мирот, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Фото: МИА архива