Повеќе од 40.000.000 луѓе во светот ќе останат без пристап до инсулин до 2030 година. Причина за тоа е епидемија на дијабетес, која се очекува да доведе до рекордна потрага по лекот. Експертите сметаат дека количината на инсулин, потребен за ефикасен третман на дијабетес тип 2, ќе се зголеми за повеќе од 20 отсто во текот на следните 12 години.
Според тврдењата, бројот на луѓе кои имаат потреба од лекот ќе надминат 79.000.000 лица. Само половина од луѓето ќе можат да ја набават потребната количина. За да се избегне ова, потребно е значително подобрување на пристапноста до лекот. Во извештајот на научниците се наведува дека е особено важно да се подобри пристапот до инсулин во некои региони на Африка, Азија и Океанија, каде што дијабетичарите најмногу ќе бидат погодени од недостатокот.
Студијата е изготвена на база на податоци од Меѓународната федерација на дијабетичари и 14 одделни истражувања, кои даваат претстава за бројот на луѓе со дијабетес тип 2 меѓу 221 земји во светот. Податоците од извештајот покажуваат дека бројот на дијабетичари ширум светот ќе се зголеми од над 400.000.000 во 2018 година на повеќе од 500.000.000 во 2030 година. Од нив, вкупно 79.000.000 луѓе ќе имаат потреба од инсулин, а само 38 000.000 ќе можат да го добијат.