Стево Пендаровски пред да го изберат за претседател говореше дека имал обичај да го слуша народот, оти од народот сакал да чуе што треба да се прави. Но Стево не би бил Стево ако сам себе не се демантира или ако не прави обратно од тоа што го кажува. Откако стапи на функцијата претседател тој заборави да го слуша народот, па уште и отиде до таму што почна арогантно да му наредува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено тој јавно кажа дека ги игнорира сигналите од електоратот, и посочи дека функционерите меѓу кои и тој самиот треба да му кажуваат на народот и не треба да се прашуваат граѓаните. Ова скандалозно гледиште на Пендаровски говори за неговиот демократски капацитет, но во исто време и за хипокризијата. Само не знаеме со кој образ сега повторно ќе излезе на избори да ја бара довербата од граѓаните.
Пендаровски со ваквите изјави го изгуби целосно својот кредибилитет и интегритет. Тој во исто време со своите политики и однесување го погази достоинството на народот и на Македонија. Време е за промени“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.